19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Велигден Романците трошат околу 25 милиони евра за јајца

За Велигден Романците трошат околу 25 милиони евра за јајца

788

Во неделите пред Велигден продажбата на јајца во Романија по правило се зголемува за околу 60 проценти во однос на просекот во останатиот дел од годината, при што само за јајца Романците трошат по речиси 24 милиони евра, објави романскиот весник „Путерја“.

– Ако во просек се продаваат меѓу 100 и 110 милиони јајца месечно, две недели пред Велигден продажбата се зголемува за над 60 милиони, изјави претседателот на Националниот совет на одгледувачи на живина, Илие Ван.

Иако романските живинарските фарми пред Велигден ги намалија цените на јајцата на 4 евро центи од досегашните 8 евро центи за парче, во продавниците низ Романија тие и натаму се продваат по непроменета цена од 9 до 12 евро центи.

„Путерја“ наведува дека ова намалување на цените на јајцата од страна на производителите првенствено се должи на заситеноста на пазарот од овој производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП