3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ја откри вистинската причина за експлозиите на Galaxy Note7

Samsung ја откри вистинската причина за експлозиите на Galaxy Note7

16278862735885bd5c8360c004359643_wide

Самсунг во недела ги објави резултатите од официјалната истрага во врска со проблемите со батериите на Galaxy Note7.

Според анализите, до палење на батериите дошло заради два одвоени проблема со батериите, а самиот телефон бил целосно исправен и не биле забележани никакви проблеми со друга батерија, така што да не се случеле инцидентите со проблематичната батерија, телефонот воопшто немаше да биде повлечен од пазарот.

Првата батерија имала ‘проблем со дизајнот’ во горниот десен агол, заради што доаѓало до виткање на електродите и во некои случаи до краток спој.

Истрагата покажала дека причина за палењето и експлозијата на втората батерија не била во дизајнот, туку во производниот процес. Откако се појавија проблеми со првата батерија, Самсунг ги замени со батерии на друг производител, но при забрзаното производството заради големата побарувачка, дошло до грешка во заварувањето, што исто предизвикала краток спој, односно палење и експлозија на батеријата.

Инженерите на Самсунг напорно работат на развој на нови топ модели на паметни телефони, а наскоро се очекува промоцијата на Galaxy S8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП