5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Компаниите до среда да издадат пресметки за исплатени плати

УЈП: Компаниите до среда да издадат пресметки за исплатени плати

ujp

До среда(25.01.2017) фирмите на  своите вработени треба  да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, персонален данок и придонеси. Ако не го сторат тоа- ќе плаќаат казни од 3,000 евра, а за одговорното лице казната изнесува  30% од одмерената глоба, информира Управата за јавни приходи. 

Задолжително пријава се поднесува ако во изминатата 2016 та лицата освен плата или пензија или приходи од земјоделска дејност, имале и други, дополнителни, како приходи од кирии, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од движен и недвижен имот, приходи остварени преку интернет, примања од странство или некои други дополнителни приходи надвор од редовната плата или пензија.

Кај игрите на среќа, како лотарии, наградни игри, квизови и слично чии добивки се поголеми од 5,000 денaри, задолжително треба да ги пријават  во Управата за јавни приходи.

За останатите приходи остварени од казина, спортска прогноза или автомат клубови – не се поднесува даночна пријава. За овие добивки данокот го плаќаат обложувалниците и казината.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП