10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолжителна котација за поголема транспарентност во работењето на компаниите

Задолжителна котација за поголема транспарентност во работењето на компаниите

kotacii-berza

Со задолжителната котација се очекува да се подигне транспарентноста за работењето на компаниите, да се даде нов импулс за развој на пазарот на хартии од вредност и да се зголеми тргувањето.

Тоа беше истакнато на работилницата „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација?“, што се одржа денес во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светска банка, СЕКО-Секретаријат за економски прашања на Швајцарија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори на Македонија.

Задолжителната котација, според изнесеното на работилницата,  треба да овозможи централизирано собирање, обработка и користење информации за котираните друштва што ќе влијае кон создавање поефикасен пазар на капитал во Македонија како за издавачите, така и за инвеститорите.

Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност  смета дека акционерските друштва не треба да ја сфаќаат задолжителната котација единствено како законска обврска, туку и како бенефит за целокупното работење.

– Во услови кога, инвеститорите се исплашени и претпазливи, и компаниите мора сами да се промовираат и да се наметнуваат пред инвеститорската јавност има ли подобар начин за тоа од навремено и точно објавување на финансиски извештаи кои даваат слика за целокупното работење на друштвото. Интегритетот на едно друштво значи и чесно работење, но и целосност во известувањето, укажа Чингароска.

Според неа, поголемата транспарентност што ќе се постигне преку задолжителната котација ќе го олесни пристапот до капитал за акционерските друштва,  преку  алтернативен начин на финансирање на нивните капитални проекти со издавање на хартии од вредност, по многу поповолни услови од банкарските заеми. Преку котацијата ќе се придонесе и за зголемување на пазарната вредност на компаниите и атрактивноста за вложувања во нив.

– Македонскиот пазар на хартии од вредност има потенцијал, има добри компании, а на сите ни е јасно дека кога влегува  инвеститор тој добро  знае, проценува  и  анализира каде вложува. Она за што сите треба да се залагаме е од една страна, компаниите да ги објавуваат финансиските извештаи и ценовно чувствителните информации, да го практикуваат доброто корпоративно управување, да ја зајакнувааат свеста за општествената одговорност, а од друга страна регулаторот  да има полн капацитет да го регулира и да го следи пазарот на хартии од вредност во целина, наведе Чингароска.

На работилницата беше промовиран и водич насловен „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација“ што се очекува да биде соодветна алатка за компаниите за исполнување на обврските од задолжителната котација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП