
Владата на Словенија предложи износот на минималната плата во 2017 година да се зголеми на 630 од досегашните 604,35 евра.


Владата на Словенија предложи износот на минималната плата во 2017 година да се зголеми на 630 од досегашните 604,35 евра.
Сепак, овој предлог предизвика противење од работодавците, но и некои министри.
Според усогласувањето на минималната плата со порастот на животните трошоци во минатата година, таа би можела да порасне за само 0,5 проценти, но министерката за труд и социјална политика Ања Копач Мрак е подготвена да одобри поголемо зголемување бидејќи минималните плати се причина за големото незадоволство меѓу синдикатите и работниците кои ги примаат, а такви се речиси 50.000 лица.
Против толкавото зголемување на минималната плата се изјасни министерот за економија Здравко Почивалшек, според чија оценка така дополнително ќе опадне конкурентноста на словенечката економија, а уште поостро реагираа работодавците преку нивните комори-здруженија.
Според нивната оценка, Словенија поради постојаните притисоци за раст на минималната плата од појавата на економската криза загубила 7 илјади веќе постоечки работни места, а загубени се и дополнителни десетина илјади работни места, колку што работодавците можеле да отворат доколку не дошло до зголемување на минималната плата, бидејќи работодавците и без тоа имаат големи давачки.