26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за рационално искористување на геотермалниот потенцијал во Кочанско

Проект за рационално искористување на геотермалниот потенцијал во Кочанско

kocani

Општина Кочани и Македонската асоцијација на геотермална енергија МАГА, потпишаа договор за рационално искористување на геотермалниот потенцијал во Кочанската котлина како проект за искорситување на ниско температурните агенси во југоисточна Европа.

Градоначалникот Ратко Димитровски нагласи дека проектот ќе се реализира во наредните две години и има сообено значење за општината.

– Проектот е интересен за Кочанската котлина бидејќи има огромен потенцијал за една зелена Македонија. Ќе настојуваме да ги испитаме потенцијалите и можностите за вклучување на биомасата како ресурс за понатамошно искористување, истакнаа Сања поповска Василевска, претстедател на МАГА.

Според инг.Јордан Наунов, проектот ќе претставува нова етапа во искористувањето на геотермалниот потенцијал во Кочанско за развој на бањолошкиот центар и идниот аква парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП