28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да донесете тешка одлука на лесен начин?

Како да донесете тешка одлука на лесен начин?

fddf6a2e-resize-820x0x100

Познатиот француски филозоф и математичар Рене Декарт уште во 17-тиот век пронашол многу едноставно и ефективно решение за донесувањето на тешки одлуки кое и денес можеме да го употребиме.

Станува збор за методата позната како Декартовиот квадрат, а која помага ситуацијата да ја разгледате од различни агли и од ново-добиената перспектива да донесете одлука, без оглед колку е таа тешка.

Се што треба да направите е да одговорите на овие четири прашања:

1. Што ќе биде доколку тоа се случи? (Што ќе добијам од тоа?)

2. Што ќе биде доколку тоа не се случи? (Ќе остане ли се исто? Кои се предностите доколку не го направам тоа?)

3. Што нема да се случи доколку се случи тоа? (Која штета може да се случи доколку го направам тоа?)

4. Што нема да се случи доколку тоа не се случи? (Која штета може да се случи доколку не го направам тоа?)

Зошто оваа метода е ефикасна?

Кога ќе се најдете во ситуација која од вас бара донесување на тешка одлука, често веднаш на првата точка запирате – што ќе биде доколку ова се случи?

Меѓутоа, Декартовиот квадрат ќе ви помогне во проценката на вашиот проблем од четири различни перспективи, и на тој начин ќе дојдете до најрационалното решение.

Затоа земете парче хартија и напишете ги сите предности од секоја варијанта, потоа споредете ги и одберете ја онаа која ви се чини за најразумна и најдобра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП