26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостојбата во преработувачката индустрија понеповолна во март во однос на февруари

Состојбата во преработувачката индустрија понеповолна во март во однос на февруари

prerabotuvacka

Економската состојба на  фирмите од преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава, како и во однос на март лани, била понеповолна, оценуваат раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика.

Според денеска објавените податоци на статистика, тие изнеле понеповолна оценка и за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството во март во однос на февруари, а понеповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и за бројот на вработените.

Во март 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, а залихите на готови производи се намалени во споредба со февруари.

Просечното искористување на капацитетите на фирмите минатиот месец изнесува 59,9 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 27,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,2 проценти, финансиските проблеми со 10 проценти и неизвесното економско опкружување со 8,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП