Доаѓањето на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД најверојатно ќе предизвика поголема неизвесност за Европската унија (ЕУ) отколку одлуката на Велика Британија да излезе од 28-члениот блок, оцени британскиот министер за финансии Филип Хамонд, пренесуваат светските агенции.
„Brexit внесе неизвесност. Сметам дека промената на администрацијата во САД носи уште поголема неизвесност“, рекол Хамонд во Давос.
Трамп денеска во Вашингтон ќе биде инагуриран за 45-ти претседател на САД, преку положувањето на заклетва на официјалната церемонија во американскиот главен град.