18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит Dow Jones петти ден по ред забележа пад

На Волстрит Dow Jones петти ден по ред забележа пад

download (1)

На Волстрит во четвртокот Dow Jones петти ден по ред забележа пад, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Индексот Dow Jones забележа пад од 0,37 отсто, на 19.732 бодови, додека S&P 500 се намали за 0,40 отсто, на 2.263 бодови, a Nasdaq индексот за 0,28 отсто, на 5.540 бодови.

Слабеењето на Dow Jones индексот пети ден по ред не е забележано од 8-ми ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа.

Од тогаш цените на акциите растеа силно, благодарение на ветувањата на Трамп во врска со намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и инвестициите во инфраструктурата, кои би можеле да го забрзаат развојот на економијата.

Како резултат на тоа, од изборот S&P 500 индексот е во добивка од 5,8 отсто. Но,во последните неколку недели пазарот го изгуби интензитетот, бидејќи инвеститорите не се сигурни дали сите планови ќе добијат „зелено светло” на Конгресот.

Инвеститорите се надеваат дека ќе Трамп објави детали за своите идни политики на инаугурацијата во петок. „Имаше многу шпекулации за продажба на акции, бидејќи е потребно многу време за Трамп да ги наметне своите предлози. Затоа, се чини дека пазарот е во застој и да се консолидираа”, вели Роберт Павлик, стратег во фондот Boston Private Wealth.

Меѓу најголемите губитници со пад од 0,6 отсто, вчера беше финансискиот сектор, кој силно се зголеми во последниве неколку месеци, бидејќи се очекува дека американската централна банка ќе го забрза темпото на зголемување на каматните стапки, но, исто така и дека Трамп ќе го одржи ветувањето за олабавување на регулативата во овој сектор.

И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,54 отсто, на 7.208 бодови, додека франкфуртскиот DAX се намали за 0,02 отсто, на 11.596 бодови, а парискиот CAC за 0,25 отсто, на 4.841 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП