4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна индустриското производство во САД

Порасна индустриското производство во САД

369682849586a559629c89919513815_w640

Индустриското производство во САД во месец декември порасна по падот во ноември, соопшти американската Управа на федерални резерви (ФЕД).

Индексот на индустриското производство во декември порасна за 0,8 проценти, по надолу ревидираниот пад од 0,7 проценти од ноември, пренесува агенцијата Франс прес.

Декемврискиот раст на производството е најголем од ноември 2014 година и е над очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа раст од 0,6 проценти.

На годишно ниво, производството во декември пораснало за 0,5 проценти.

За забрзвање на индустриското производство првенствено придонесе скокот на производството на потрошувачката стока, главно автомобилите, кои, како што наведува АФП, го неутрализирале падот во производството на домашна електроника.

Враќањето на понормалните зимски температури по невообичаено топлиот ноември ја поттикна активноста во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,6 проценти, што е најголем раст од декември 1989 година.

Активностите во преработувачката индустрија пораснаа за 0,2 проценти во однос на ноември, но рударскиот сектор забележа непроменети резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП