17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа градските улици и булевари минатата ноќ фрлени 60 тони сол

На градските улици и булевари минатата ноќ фрлени 60 тони сол

фрлена-сол

Во текот на четвртокот вечерта екипите на зимската служба на Град Скопје фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, и сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Екипите на зимската служба на терен со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објект, порачуваат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП