3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ донесе одлука, Шојбле ќе се разочара

ЕЦБ донесе одлука, Шојбле ќе се разочара

532eb270-0856-4b50-9448-a3b9cd2bbe78

Европската централна банка ги задржа клучните каматни стапки и програмата за откуп на обврзници на исто ниво.

Управниот совет на ЕЦБ гласаше референтната каматна стапка да се задржи на историскиот минимум од нула проценти, изјави портпаролката на таа институција, пренесува агенцијата Франс прес.

Маргиналната каматна стапка остана на 0,25 проценти, а каматата на депозитите на банките пласирани кај ЕЦБ на минус 0,40 проценти, што значи дека банките мораат да платат за да депонираат пари кај ЕЦБ.

Како што се очекуваше, нема промени ниту во шемата за откуп на обврзници, попозната како квантитативно олабавување, наведува АФП, потсетувајќи дека целта на таа програма е охрабрување на потрошувачката и инвестициите по пат на „вбризгување“ на дополнителни пари во економијата, во склоп на напорите на ЕЦБ да поттикне економски раст и инфлација во евроозната.

Инвеститорите сега чекаат на обраќањето на претседателот на ЕЦБ Марио Драги кој би требало да даде нови насоки во поглед на понатамошната монетарна политика на таа институција.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле пред неколку дена оцени дека е време ЕЦБ да започне да забавува со споменатите мерки од монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП