8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија со најслаб раст во последните 26 години

Кинеската економија со најслаб раст во последните 26 години

ekspres china334

Во четвртиот квартал од минатата година кинеската економија порасна за 6,8 отсто, објави институтот за статистика со седиште во Пекинг. За целата 2016-та година растот е од 6,7 отсто. Иако економијата предвиде најбавен раст од 1990-та година, економистите ги проценуваат сегашните податоци како знак за стабилизација на втората економија по големина во светот, пренесува „AFP“.

Сепак експерти повторно предупредуваат дека сегашниот економски модел не е одржлив. Кинескиот раст се уште е високо зависен од мерките за стимулирање на владата, рече во својот извештај од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Економијата се соочува со „силно ладење“, ако кредитите продолжат да растат брзо, а владата не презема решителни мерки против високите долгови на претпријатијата, сметаат од „ММФ“.

„Над економијата има притисок и проблеми како однадвор, така и одвнатре“, вели економскиот професор од Пекинг, Хуан Веипинг. Слабата надворешна трговија, високите обврски, како и опасноста од трговски спорови со САД и протекционизмот на новиот американски претседател Доналд Трамп се меѓу најсериозните ризици за втората по големина светска економија за оваа година.

Неговото мислење го поддржува и неговиот колега Зен Чау од Народниот универзитет во Пекинг. „Не мислам дека вратите кон пазарот во САД ќе останат отворени кога Трамп ќе стане претседател. Најдобрите времиња поминаа“.

По минимален раст во ноември, кинескиот извоз повторно забележа силен пад во декември. За целата година извозот, пресметан во долари, паѓа за 7,7 отсто на годишна основа, додека увозот се намалува за 5,5 отсто.

Пекинг е на пат да го промени економскиот модел на земјата. Наместо евтин производител за остатокот од светот, земјата сака да ги охрабри локалните компании да станат иновативни и да ја зајакнат домашната побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП