30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза со промет од 13,5 милиони денари

Македонска берза со промет од 13,5 милиони денари

mk-berza224

Промет од 13,5 милиони денари на преку 87 трансакции и истргувани 57.000 лотови беше остварен во средата во претразничното тргување на Македонската берза на хартии од вредност.

Промет над милион денари остварија акциите на Стопанска банка Скопје 3,2 милиони денари, Алкалоид АД 2,3 милиони денари и Комерцијална банка Скопје 1,2 милион денари.

После подолг период индексот ОМБ беше во позитива од 0,31 отсто и вредност од 128,60 индексни поени, што се должи на остварениот промет со обврзницата за денационализација РМДЕН 15 од 2.669.130,42 денари со истргувани 45.688 лотови.

Наспроти него МБИ10 со пад на вредноста за 0,47отсто, промена за значајни -10,50 индексни поени и денот го заврши на вредност од 2.214,53.

Листата на губитници на денот ја предводеше акцијата на Макпетрол АД Скопје со пад на вредноста од 4,16 отсто со истргувани 9 акции по просечна цена од 27.500 денари.

Додека, пак, најголем раст имаше акцијата на РЖ ЛВ (Алцеллормитал ЦРМ Скопје) со раст од 8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП