26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Британија нема безболно да ја напушти ЕУ

Лагард: Британија нема безболно да ја напушти ЕУ

lagard-lagarrrrrdddd

Челничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагад, ја предупреди Велика Британија дека постои голема веројатност оти напуштањето на Европската унија (ЕУ) би можело да биде „болно“, откако британската премиера Тереза Меј ги започна подготовките за истапување на земјата од членството.

Кристин Лагард изјави за британски BBC де процесот на Брегзитот би можел да биде многу комплициран. Смета дека и покрај посилните показатели за британската економија и покрја прогнозите на ММФ, неизвесноста околу условите од договорот „секогаш носат ризици“. Како и да биде постигнат договор со ЕУ, „нема да биде толку добар“ колку што е членството, порача.

„Кога му припаѓате на некој клуб, кој и да е, членовите на клубот имаат степен на припадност и посебни услови под кои работат. Некој надвор од лубот нема да има таков пристап“, изјави Лагард на маргините од Светскиот економски форум во Давос.

Челничката ја ММФ го поздрави говорот на британската премиерка Тереза Меј од вторникот, во кој оваа истакна дека Велика Британија саа да го напушти единствениот пазар, поради давање јасност.

„Поголемата јасност и помалата несигурност секако се подобри за британската економија и за остатокот од Европската унија“, изјави Лагард, но и предупреди дека постојат уште многу прашања на кои треба да се даде одговор.

„Условите под кои договорот ќе биде постигнат, во кој временски период – тоа се прашањата. Во текот на кој период од транзицијата, исто така е прашање. Дури откако тие прашања ќе бидат подобро појаснети, ќе можеме да сфатиме каков успех ќе има британската економија. Ние и натаму сметаме дека сето тоа нема да биде позитивно и безболно“, истакна Лагард.

Пред британскиот референдум од 23-ти јули 2016 година, Лагард изјави дека изгласувањето на одлуката за напуштање на ЕУ би предизвикало последици во распонот од „многу лоши до многу многу лоши“.

По референдумот британската економија силно порасна и ММФ призна дека бил претерано песимистичен. На почетокот од седмицава, ММФ ја ревидираше нагоре прогнозата за рас на британската економија во2017 година.

Лагард смета дека одлуката на централната британска банка да ги намали каматните стапки по референдумот,ѝ помогнала на тамошната економија, а потрошувачите останале далеку со повеќе самодоверба отколку што се очекувало. Но, повтори дека постојат негативни ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП