26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја повикува јавноста да се изјасни за предлозите на Гугл

ЕУ ја повикува јавноста да се изјасни за предлозите на Гугл

google-europe3

Европската комисија ја повика денеска јавноста да се изјасни за предлозите на американскиот гигант Гугл, чија цел е да се отстранат сомнежите на Брисел дека оваа компанија ја злоупотребила доминантната пазарна позиција.

Комисијата соопшти дека мислењето на јавноста ќе биде земено предвид при донесувањето на одлуката за предлозите на Гугл.

Во соопштението на Комисијата се наведени најголеми грижи, а првата е таа што при пребарувањето Гугл ги фаворизира сопствените линкови и производи.

Гугл без согласност користел оригинални содржини на други сајтови, принудувајќи ги така страниците „сите или повеќето од своите реклами на Интернет да ги купат од таа компанија“, нагласи ЕК.

Гугл применувал и договорни органичувања на преносливоста на рекламните кампањи во интернет пребарувањата, додава Комисијата.

– Оваа пракса може да им наштети на клиентите, бидејќи им се намалува изборот и се ограничуваат иновациите во секторите специјализирани за услуги на пребарување и Интернет рекламирање, соопшти Комисијата.

Гугл меѓутоа денеска понуди предлози за решавање на овој проблем, а еден од нив е на период од пет години да се означат линковите, кои водат кон другите услуги на Гугл, така да клиентите можат целосно да бидат свесни за тоа. Гугл ќе им понуди и на сите Интернет страници да бидат во можност да изберат дали целата своја содржина ќе ја користат во специјализираните пребарувања на Гугл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП