16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА19% од работодавците ширум светот очекуваат технолошкиот бум да го зголеми персоналот

19% од работодавците ширум светот очекуваат технолошкиот бум да го зголеми персоналот

rabtehno 00

Еден на секои пет работодавци (19%) очекува во услови на технолошки бум да ангажира повеќе вработени, додека компаниите се прилагодат на промените на пазарот на труд. Шест од секои десет работодавачи (64%) очекуваат да го задржат бројот на вработените, ако луѓето ги имаат точните вештини и се подготвени да учат, да го применат наученото и да се прилагодат.

Ова го покажува истражувањето на „ManpowerGroup“ меѓу 18.000 работодавачи од различни сектори во 43 земји, што беше објавено за време на Светскиот економски форум  во Давос.

rabtehno 03

Според прочуените работодавците во Италија, Гватемала и Перу се најголеми оптимисти во однос на влијанието на роботите на работните места. Над една четвртина од работодавачите во Индија пак очекуваат да го намалат бројот на вработени. Непосредно пред неа се редат Бугарија, Словачка и Словенија.

Луѓето во секторот на информатичката технологија и услуги на клиенти треба да се оптимисти, бидејќи работодавците во овие сектори очекуваат најголемо зголемување на персоналот, пишува во извештајот.

Според ManpowerGroup речиси во сите индустрии и држави се очекува брзиот раст на побарувачката на аналитичарите, кои треба да даваат смисла на „океанот“ од податоци. Во секторот на човечките ресурси исто така ќе има зголемување на персоналот во краток рок, бидејќи овие специјалисти се кормилари на компаниите во периодот на адаптација.

rabtehno 01

Во иднина новите технологии ќе бара уште повеќе специјализирани вештини од луѓето и организациите, но за тоа се зборува премногу малку, се наведува во извештајот. Според информациите вработените ќе треба да вложат повеќе напори за да останат погодни за своите позиции.

„Желбата и способноста да учиме и да стекнуваме нови вештини за да останеме адекватни и погодни за вработување, ќе бидат најголемиот балансер“, вели Џонас Прајсинг, претседател и извршен директор на „ManpowerGroup“.

rabtehno 02

Според него популизмот и поларизацијата на работната сила постојано се во преден план.

„Време е веднаш да преземеме активности за дополнителните квалификации и преквалификација на вработените, за да се справиме со јазот помеѓу граѓаните кои ги имаат точните вештини, и оние кои се изложени на опасноста да бидат заборавени. Треба да ги привлечеме и оние групи кои не се активни учесници на пазарот на труд. Еве што мислиме кога зборуваме за револуција на вештини“, објасни уште Прајсинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП