25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците за велигденските празници во Истанбул, Париз, Венеција, Будимпешта

Македонците за велигденските празници во Истанбул, Париз, Венеција, Будимпешта

Florence-Nov07-D4824sAR

Виена, Будимпешта, Истанбул, Верона, Венеција и Швајцарија се некои од дестинациите што ќе ги посетат македонските туристи за време на претстојните Велигденски празници.

Цените се движат во зависност од тоа дали во аранжманите е вклучен авионскиот или автобускиот превоз. Аранжманите со авион чинат повеќе од 250 евра во зависност од дестинацијата, а со автобуски превоз цените почнуваат од 120 евра.

Од туристичката агенција „Савана“ велат дека годинава за велигденските празници привлечна дестинација за македонските туристи е главниот град на Франција.

– Аранжманите за Велигден се комплетно продадени. Нашите патници имаат култура на патување и сакаат да посетуваат доста дестинации. Особено интересни се Италија и Швајцарија, Азурен Брег, Истанбул како хит дестинација, како и Будимпешта и Виена, изјави Дејан Спировски од „Савана“ на Саемот за туризам во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП