19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит забележаа нов пад

Индексите на Волстрит забележаа нов пад

wall stre35

На Wall Street во вторникот цените на акциите забележаа пад, најмногу во финансискиот сектор ни и во другите секотри кои забележаа силен раст по победата на Доналд Трамп на преседателските избори.

Dow Jones забележа пад од 0,30 отсто, на 19.826 бодови, додека S&P 500 склизна за 0,30 отсто, на 2.267 бодови, a Nasdaq индексот за 0,63 отсто, на 5.538 бодови.

Во првиот работен ден на Wall Street, со оглед дека во понеделникот не се работеше поради празниците, во вторникот се владееше претпазливост, но под притисок се најдоја секторите кои најмногу растеа од крајот на 8-ми ноември кога Трамп победи на изборите за Белата куќа.

Цените на акциите во финансискиот сектор забележаа пад од 2,3 отсто, што е нивен најголем дневен пад во изминатите шест месеци. Од победата на Трамп тој сектор беше со најголема добивка што се должи на очекувањата дека FED ќе го забрза темпото за зголемување на каматните стапки, и дека Трамп ќе го одржи ветувањето за олабавената регулатива во тој сектор.

Остро вчера паднаа и цените на акциите во биотехнолошкиот и фармацевскиот сектор, бидејќи Трамп во интервју за Washington Post повтори дека цените на лековите се премногу високи и дека има подготвено план да го замени Obamacare. Nasdaq индексот биотехнолошкиот сектор склизна за 2 отсто, а остро паднаа и цените на акциите во транспортниот сектор и тоа за 1,1 отсто.

Сите овие сектори имаа силен раст последните два месеци, бидејќи Трамп вети намалување на даноците, и зголемување на фискалната потрошувачка и инвестициите во инфраструктурата, што треба да поттикне побрз раст на економијата. „Сведоци сме на загуба на дел од добивката во некои од секторите кои имаат силен раст од победата на Трап. Некои инвеститори веруваат дека Трамп си зададе многу цели”, изјави Рик Маклер, претседател на фирмата LibertyView Capital Management.

Аналитичарите велат политиката на Трамп може да поттикне побрз економски раст и инфлација, па така американската централна банка во наредниот период, најверојатно ќе го забрза темпото за зголемување на каматите. Исто така, аналитичарите предупредуваат дека треба да се види кои од предлозите на Трамп ќе добијат “зелено светло” на Конгресот. И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот FTSE индекс склизна за 1,46 отсто, на 7.220 бодови, додека франкфуртскиот DAX ослабе за 0,13 отсто, на 11.540 бодови, a парискиот CAC за 0,46 отсто, на 4.859 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП