Глобалниот економски раст ќе забрза на 2,7 проценти во оваа година и на 2,9 проценти в0 2018-та година, по растот од 2,2 проценти од 2016 година, се наведува во денес објавените годишни прогнози на Обединетите нации (ОН).
Сепак, неизвесноста поврзана со излезот на Велика Британија од Европската унија ќе ја намали стапката на економски раст на Британија во оваа година на 1,1 проценти од проценетиот раст од 2,0 проценти од 2016 година и на 1,3 проценти во 2018 година, пренесува агенцијата Ројтерс.