8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога Турција најмногу профитираше

Кога Турција најмногу профитираше

turcija3

Турција на економски план најмногу профитираше по војната во Ирак.

Економскиот раст е остварен иако Анкара одби да му помогне на Вашингтон во инвазијата на Ирак во 2003 година, сметаат аналитичарите на Фајненшл тајмс.

„За победник од војната во Ирак, се наметнува нов кандидат. Десет години откако Турција на себе го навлече бесот од Вашингтон, одбивајќи да го одобри преминот на американски трупи преку својата територија во инвазијата на Ирак во 2003 година, турските бизнисмени ја однесоа победата во битката за ирачкиот пазар“, наведува Фајненшл тајмс.

Во изминатите 10 години, извозот на турска стока во Ирак, се зголемува во просек за 25 проценти годишно, достигнувајќи 25 милијарди долари минатата година. Турција денес е вториот најголем извозник во Ирак, по Германија.

Побарувачката на турската стока во Ирак, чија економија се развива заедно со растот на експлоатацијата на богатите нафтени резерви, од ден на ден се зголемува. Реконструкцијата на Ирак претставува пазар од 3,5 милијарди долари за турските компании. Двата најголеми проекти во Ирак се енергетските проекти, а и двата ги води турската компанија Чалик Енерџи.

Турција, како што оценуваа аналитичарите, ќе има огромна корист од отварањето на нафтените полиња во северен Ирак.

„Малкумина веруваа дека нафтата од Кипарското море без излез на океан, ќе направи пробив на светскиот пазар. Меѓутоа, денес тоа стана реалност, благодарение на транскавкаскиот нафтовод „Баку-Тбилиси-Чејхан“. Владата на Курдистан го поддржа планот Турција да раководи со изградбата на нафтовод од два милиони барели дневно“, наведува лондонскиот лист.

Турција, низ чија територија сега преминуваат три милиони барели нафта дневно и која се наоѓа на крстопат помеѓу земјите богати со нафта, земји од Блискиот Исток, поранешните советски држави, има се поголеми шанси да стане светска енергетска оска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП