2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на проектот „Ничија земја“ со кој Македонија беше на Венециското биенале

Изложба на проектот „Ничија земја“ со кој Македонија беше на Венециското биенале

bienale33

Македонскиот павиљон на 15. Венециско биенале за архитектура 2016, со проектот „Ничија земја“ на архитектите Стоундизајн од Скопје ќе се постави во Музејот на современата уметност во Скопје, во вторник со почеток во 19 часот.

Изложбата ќе трае еден месец – од 17 јануари до 15 февруари 2017 година.

„Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“. Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот.

Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нè намамуваат да ги дијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité, fraternité in toto.

Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „задна врата“ е конфонтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж“, пишува во текстот на кураторот и автор Стојан Павлески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП