
Словенечките банки во целосна или мнозинска сопственост на државата до средината на оваа година имаат потреба од најмалку 900 милиони евра свеж капитал во форма на докапитализација.


Словенечките банки во целосна или мнозинска сопственост на државата до средината на оваа година имаат потреба од најмалку 900 милиони евра свеж капитал во форма на докапитализација.
Тоа е проценката која словенечката влада ја презентираше во нацрт-верзијата на националната програма за оваа и наредната година.
Националната програма за оваа и наредната година, како и реформската програма за стабилизација на јавните финансии на владата, на почетокот на следниот месец ќе биде испратена до Европската комисија, а пред тоа, за овие документи ќе биде информирана јавноста, најавија словенечките медиуми.