British American Tobacco (BAT) се согласи денес да плати речиси 50 милијарди долари (47 милијарди евра) за преземање на контролата над ривалската американска компанија „Reynolds“, со што ќе биде создадена најголемата тутунска компанија во светот.
Производителот на цигарите „Lucky Strike“ и „Rothmans“ ќе купи 57,8 проценти од преостанатите акции на „ Reynolds “ кои се уште не ги поседува, наведе BAT во соопштението, пренесува агенцијата Франс прес.