Стапката на невработеност во Турција во месец октомври минатата година го достигнала највисокото ниво за последните пет ипол години, соопшти вчера турскиот статистички институт.
Стапката на невработесност во Турција во месец октомври пораснала на 11,8 проценти, што е за 0,4 процентни поени повеќе во однос на месец септември и за 1,3 процентни поени повеќе на годишно ниво, пренесува агенцијата Франс прес.