18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо три блок трансакции започна седмицата на Македонска берза

Со три блок трансакции започна седмицата на Македонска берза

македонска-берза

Првиот ден од новата трговска седмица на Македонската берза со хартии од вредност го одбележаа блок трансакциите со акциите три домашни компании кои остварија милионски износи.

Понеделникот беше отворен со блок трансакција во вредност од околу милион денари и истргувани 33.655 акции од Современ дом Прилеп по цена од 30 денари. Потоа во текот на денот следеа уште две блок трансакции, и тоа со акциите на Стопанска банка АД Битола и Нова Стоковна куќа Струмица во вредност од околу 4,2 милиони денари и 1,5 милион денари, соодветно.

Акцијата на НЛБ Банка се најде на врвот со остварен промет од 4.404.618 или учество од 26,47 отсто во вкупниот промет од 16.637.396 денари. Се истргува количество од 486 акции, по просечна цена од 9.063 денари.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Топлификација АД Скопје, со раст од 5,69 отсто и просечна цена од 1.081,53 денари. Најголем пад на вредноста, пак, забележа акцијата на Гранит АД со пад на вредноста од 0,41 отсто.

МБИ10 вчера забележа раст на вредноста од 0,70 отсто, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП