Градските власти на Осло ќе го забранат сообраќајот на дизел возилата најмалку во следните два дена, во обид да се намали загадувањето на воздухот.
Потегот ги разбесни возачите кои државата пред неколку години ги поттикнуваше да купуваат дизел автомобили.
Забраната ќе стапи во сила во вторник и ќе се однесува на сообраќање низ градските средини, но не и по државните автопати.
Во четврток се очекуваат подобри атмосферски услови и укинување на забраната. Возачите што нема да ја почитуваат наредбата, ќе мораат да платат глоба во висина од 166 евра.
Ова е првпат Осло да применува ваков вид на забрана.