8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ги очекуваат тешки измени, се бара спас

Русите ги очекуваат тешки измени, се бара спас

1204282349587b658e5531a939521139_w640

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека владата во Москва оваа година ќе го разгледа прашањето за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Тоа, како што вели, би помогнало во поттикнувањето на економскиот раст на Русија, јавува Ројтерс.

Новиот пензиски систем, како што кажа, ќе и овозможи на владата да издвои дополнителни буџетски средства за здравствена заштита, пренесе руската агенција Тас.

„Доколку ја усвоиме стратегијата за унапредување на пензискиот систем, таа стратегија ќе ни овозможи буџетски маневар и насочување на повеќе средства кон здравствената заштита. Поважно е пензионерите да добиваат квалитетни здравствени услуги отколку мало зголемување на пензиите“, изјави Силуанов на економскиот форум Гајдар во Москва.

Новиот пензиски систем, како што додаде, ќе помогне дополнителни средства да се насочат кон образовниот систем, пренесува ТАС, додавајќи дека предлагачите на пензиските реформи се Централната банка на Русија и Министерството за финансии.

Силуанов изјави дека и јакнењето на националната валута рубља било лошо за руските извозници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП