8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов голем пад на вредноста на фунтата

Нов голем пад на вредноста на фунтата

funta

Британската фунта во понеделникот падна на најниско ниво од октомври во пресрет на очекуваниот говор на премиерката Тереза Меј најавен за во вторникот, кога преседателката на владата ќе ги престави деталите од планот за преговори за излезот на Велика Британија од ЕУ.

Фунтата ова утро на азиските берзи забележа пад од 1,6 отсто, што е под нивото од 1,19 на доларот, откако бритаските медиуми објавија дека приоритет во преговорите на Велика Британија за излезот од ЕУ ќе биде контрола врз имагинацијата. Во однос на еврото фунтата е ослабена за повеќе од 1 отсто, на околу 1,13 евра, што е најниско ниво во последните два месеци.

Од изгласувањето на Брегзит на 24 јуни минатата година, фунтата во однос на доларот забележа пад од 20 отсто. Најголемиот дел од оваа загуба е влијанието на неизвесноста на финансиските пазари во случај кога Велика Британија ќе го изгуби бесцаринскиот пристап на европскиот пазар. Меј изјави дека граѓаните кои гласале за Брегзит, сакаат Велика Британија да ја поврати контролата врз своите граници.

Дополнителен притисок на фунтата создаде и изјавата на британскиот министер за финансии Филип Хамонд за германскиот весник “Welt am Sonntag”, дека британската економија веројатно ќе треба да се менува во случај да остане без пристап до единствениот европски пазар на британската економија, но додаде и дека Лондон “ќе направи се што е потребно да останат конкурентни на глобалниот пазар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП