9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗбогум евро - еве уште колку години му останаа

Збогум евро – еве уште колку години му останаа

2025507928587a4057d9eb1538287696_w640

Еврото може да исчезне за десет години доколку не се направат значајни економски реформи, вели Еманул Макрон, популарниот поранешен француски министер за економија.

„Вистината која мораат сите да ја прифатат е дека еврото е нецелосна валута и дека не може да трае без големи реформи“, изјави Макрон кој на претстојните избори во Франција ќе настапи како независен кандидат.

Говорејќи за фијаското на единствената европска валута, тој изјави дека проблемот е во тоа што еврото не успеало во Европа да добие „полн меѓународен суверенитет и не се води според правилата, кои на пример важат кај доларот“ вели тој и додава дека е очигледа различноста на државите членки.

Според неговото мислење Германија и Франција се две сили кои се во состојба да ја променат оваа ситуација. Тој смета дека Франција мора да го реформира својот пазар на труд и задолжителниот систем со цел да го заживее економскиот раст. Кога станува збор за Германија, Маркон вели дека токму поради мааните на еврото, таа во моментов има корист на сметка на слабите членки.

„Недостатоците на еврото и прилегаат на Германија“, наведе тој укажувајќи на тоа дека работите мораат да се менуваат.

Како заговорник за европските интеграции, Макрон го спомена и недостатокот на доверба меѓу Франција и Германија, која, како што вели, ги кочи реформите на еврозоната.

„Постои дел од одговорноста која го сноси Франција и доколку бидам избран ќе ја преземам таа одговорност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП