8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзија за пет години произвела електронски отпад двапати потежок од пирамидата во...

Азија за пет години произвела електронски отпад двапати потежок од пирамидата во Гиза

82366107_phonewaste

Електронскиот отпад настанат во Азија во изминатите пет години е двапати потежок од Големата пирамида во Гиза, објави во недела универзитетот на ОН во Хонг Конг.

Зголеменото користење на електронски уреди создаде 12,3 милиони тони отпад во Камбоџа, Кина, Хонг Конг, Индонезија, Јапонија, Малезија, Филипините, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и Виетнам.

„Само Кина го удвои количеството отпад од 2010 до 2015 година, на 6,7 милиони“, пишува во извештајот.

Хонг Конг создава најмногу отпад по глава на жител, 21,7 килограми, а најмалку Камбоџа, 1,1 килограм по лице.

Во извештајот се предупредува на несоодветното одлагање на електронскиот отпад.

„Палењето и рециклирањето во несоодветни услови негативно влијае врз здравјето на вклучените работници“, се вели во студијата.

Изложувањето на електронски отпад е поврзано со бројни здравствени проблеми, вклучително и нарушена функција на штитната жлезда, намален капацитет на белите дробови и застој во растот на децата“, велат во универзитетот на ОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП