24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалкански милијардери: Еве кои се најбогатите Македонци, Срби, Хрвати, Босанци...

Балкански милијардери: Еве кои се најбогатите Македонци, Срби, Хрвати, Босанци…

бал1

Магазинот Forbes ја претстави листата со најбогатите светски милијардери за 2016 година, САД се земја со најголем број на милијардери, што е податок кој не изненадува. Зад неа е Кина, додека во Европа првото место го делат Германија и Велика Британија со по 120 милијардери, следи Русија со 88 милијардери, а еве каква е ситуацијата на Балканот…

Најбогатиот човек во Србија е Филип Цептер, чие богатство се проценува на пет милијарди долари, тој е основач на компанијата Zepter International, а иако не живее во Србија, има државјанство.

Меѓу најбогатите во Србија е и Миодраг Костиќ, сопственик на MK Grоup со богатство од 540 милиони долари, и Мирослав Мишковиќ кој располага со 520 милиони долари.

бал2

бал3

Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи енормно богатство од апликацијата Talking Tom Cat. Нивните пари се проценети на 700 милиони долари, а зад нив е Јол Печечник, сопственик на Ineterblock, со богатство од 266 милиони долари, тврди Forbes.

бал4

Во Хрватска најбогато е хрватско-чилеанското семејство Луксиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари.

бал5

Ги следи австро-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на Red Bull, со богатство од 13,4 милијарди долари.

бал6

Зад нив е Ивица Тодориќ, сопственик на Agrokor, со 499 милиони долари и Емил Тедески, сопственик на Atlantic Group, со нето богатство од 208 милиони долари.

бал7

Во Македонија, Forbes вели дека на врвот се наоѓа Јордан Камчев, сопственик на Орка Холдинг, со 238 милиони долари вредно богатство. Втор е Минчо Јорданов, сопственик на Макстил со 234 милиони долари.

бал8

Најбогатиот македонски нерезидент е Мајк Илиќ, основач на фаст-фуд франшизата Little Caesars, сопственик на Detroit Red Wingsa, NHL тим и Detroit Tigers тимот од MLB, со богатство од 6,1 милијарди долари.

Најбогати во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои го наследија Prevet i ASA Group од таткото Нијаз и располагаат со 412 милиони долари. Зад нив е Изудин Ахметиќ, сопственик на HIFA Group, со имот од 364 милиони долари.

бал9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП