19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Хрватите ќе и земат милијарди на ЕУ

Како Хрватите ќе и земат милијарди на ЕУ

hrvatska1

Во Загреб пристигна делегација од 14 шпански претставници на компании кои се сретнаа со 70 хрватски бизнисмени.

Примамливите 11,5 милијарди евра кои ЕУ ги намени, за нејзиниот наскоро нов член, Хрватска за периодот од 2014 до 2020 година ги привлече шпанските компании чии претставници доаѓаат во Загреб за да ја истражат можноста за заработка.

-Во јули влегувате во ЕУ и ние сакаме да работиме на вашите проекти за кои ќе побарате пари од фондовите на ЕУ. Ние бараме работа за своите компании, но исто така на хрватските компании сакаме да им помогнеме со своето знаење и квалитетните проекти од европските фондови“, изјави Родригез Кабило, кој се сретна со претставниците од Хрватска.

Консултантската компанија која ја поседува Кабило ја подготвува комплетната документација која е потребна за да ги земе парите од фондовите на ЕУ. Како што вели тој, во последните години неговата компанија обработила 700 вакви проекти.

Покрај консултантските компании, меѓу шпанските бизнисмени беа и оние од енергетскиот сектор и градежните компании кои беа заинтересирани за изградба на електрани на отпадни води, водоводна инфраструктура, патишта и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП