Граѓаните на Луксембург, кои бараат работа во странство, сe најфлексибилни во плановите, а 71,1% од испитаниците биле насочени кон 15 земји од Европската унија. Ова го покажуваат податоците собрани од сајтот за пребарување на работа „Indeed“.

Белгијците се на второ место по тој показател, а 65,5% од пребарувањата им се ориентирани кон ЕУ, коментира „Statista“.
Британците од друга страна се нацијата која најмалку бара ново вработување во ЕУ. Само 15,3% од лицата кои бараат работа покажуваат желба да се преселат во регионот поради работна позиција. Во исто време, сепак, Велика Британија е најбараната земја за ново работно место.
Германците се на претпоследната позиција во рангирањето, а само 35,9% од пребарувањата им се во рамките на 15-земји од ЕУ.
Меѓутоа кога граѓаните на Луксембург ќе одлучат да се преселат, тие го прават тоа до релативно блиски дестинации. Најпопуларното место за нив е Франција, а 18% од сите пребарувања биле насочени кон оваа земја.
Студијата ги вклучува Луксембург, Белгија, Австрија, Грција, Ирска, Шпанија, Португалија, Холандија, Италија, Данска, Финска, Шведска, Франција, Германија и Велика Британија.