10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците и се закануваат на ЕУ со тужба поради виното

Словенците и се закануваат на ЕУ со тужба поради виното

vino

Словенија би можела да ја тужи Европската комисија поради спорот во врска со виното „терано“, доколку се докаже дека Комисијата по ова прашање ја фаворизира Хрватска, најавува словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан.

Тој наведува дека постојат сериозни сомнежи дека Европската комисија и Хрватите во текот на хрватските пристапни преговори дошле до договор да ја заобиколат словенечката заштита за нејзиното вино „терано“, бидејќи тоа вино се произведува и во Истра.

Жидан за тоа разговарал во Брисел со европскиот комесар за земјоделство Фил Хоган, но тврди дека не е задоволен од одговорите.

„Ако тоа се покаже како точно (договорот на Европската комисија и Хрватите во врска со виното), тоа би било скандалозно и Словенија ќе ја тужи Европската комисија“, се закани Жидан, претседател на словенечките социјалдемократи, една од трите партии во владата на премиерот Миро Церер.

Словенија веќе и се закани на Хрватска дека би можела да и ја отежне туристичката сезона, доколку официјален Загреб дотогаш не ја примени арбитражната одлука за границите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП