21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада се подготвува за Брекзитот

Германската влада се подготвува за Брекзитот

150108_OEOpEd_GermanyUK

Германските министри следната среда ќе започнат да ја подготвуваат својата позиција во врска со излегувањето на Велика Британија од Европската унија, изјави во петокот портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Посебна комисија на германскиот кабинет на министри ќе ги разгледува структурните и организациските подготовки за преговорите со Велика Британија, изјави портпаролот Штефан Зајберт.

„Германските интереси мора да бидат идентификувани“, рече Зајберт.

Ден претходно, во вторник, Лондон треба да ги изнесе своите позиции за излегувањето на ЕУ, а говорот на британската премиерка Тереза Меј со нетрпение се очекува. Имајќи предвид дека досега одбиваше да открие поединости од својата стратегија.

„Поопширно ќе ги изложи нашите ставови за Брекзитот, во рамките на подготовките за преговорите и согласно нашиот став за Велика Британија (…) отворена кон светот“, изјави портпаролката на британската премиерка.

Меј сака да ја покрене постапката за раздружување од ЕУ до крајот на март, активирајќи го членот 50 од Лисабонскиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП