19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: ЕЦБ мора да почне да ја затегнува монетарната политика од оваа...

Шојбле: ЕЦБ мора да почне да ја затегнува монетарната политика од оваа година

soibleee

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да започне да ја затегнува ултра-лабавата монетарна политика во оваа година, рече германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју, додавајќи дека тоа нема да биде лесно.

„Европската централна банка ќе има тешка задача да излезе од оваа монетарна политика. Веројатно би било правилен чекор, ако ЕЦБ се осмели да излезе од оваа политика во оваа година“, рече Шојбле за весникот „Sueddeutsche Zeitung“, цитиран од агенциите.

Шојбле додаде дека е „можно и неопходно“ следната влада на Германија да ги намали даноците по парламентарните избори во Германија во септември.

Според него прогнозите дека инфлацијата може да достигне 3% во Германија во оваа година ќе ги зајакнат стравувањата околу тековните ниски каматни стапки.

Иако признава дека не е фан на монетарната политика на ЕЦБ, тој додава: „ЕЦБ има мандат од еврозоната и го спроведува добро“.

Шојбле вели дека главниот проблем е дека неколку земји од еврозоната не можат да ја зајакнат својата конкурентност, како што се бара.

„Проблемот е слабоста на другите земји, а не силата на Германија“, вели тој.

Според конзервативниот министер ќе се потребни сериозни напори за да се убедат германските граѓани дека заедничката валута обезбедува подобро вработување, социјални и бизнис бенефиции, отколку ризици и негативни ефекти.

За да го докаже Германија тоа, според него е од суштинско значење Италија и другите земји да ги почитуваат договорените правила.

Заменикот на Шојбле, Јенс Шпан изјави за „Ројтерс“ минатата недела дека е пожелно да започне „разумен почеток за излез“ од експанзионистичката монетарна политика на ЕЦБ.

ЕЦБ цели инфлација од малку под 2%, но не успева да ја постигне со години. За да се избори со дефлација, централната банка ги намали каматните стапки до нула и започна огромна, но контроверзна програма за откуп на обврзници.

Шојбле и други германски парламентарци предупредија дека ЕЦБ ризикува да ја зајакне поддршката за евроскептичните партии, ако не го промени правецот наскоро.

Германската федерална влада, провинциските и локалните власти и фондовите за социјално осигурување заштедиле 240 милијарди евра од 2008-ма година како резултат на ниските каматни стапки и 47 милијарди евра само за 2016-та година, објави весникот „Handelsblatt“, повикувајќи се на податоците на германската централна банка.

Според проценките на Институтот за економски истражувања Рајна-Вестфалија (RWI Essen) зголемување на каматата со 1% ќе се зголемат трошоците за сервисирање на долговите во Германија со 21 милијарди евра годишно, пишува „Handelsblatt“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП