26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHawtai Motor атакува на европскиот пазар

Hawtai Motor атакува на европскиот пазар

hawtai-b11-008

Кинескиот производител „Hawtai Motor“ се подготвува за премиера во Европа во текот на 2014-та година, а на пребирливите купувачи од „стариот континент“ ќе им наметне два модели кои беа прикажани на авто-саемот во Шангај.

Брендот „Hawtai“ работи веќе 15 години и само минатата година продаде околу пола милион возила, а покрај Кина тие своите автомобили ги извезуваат на пазарите на Блискиот Исток, Ирак и Африка.

Потпретседателот на компанијата, Жанг Хоу Шенг ги објавил нивните планови за појавување на европскиот пазар кои започнале уште пред една година. Тој потврдил дека се доближуваат до исполнување на „Euro5“ еколошките норми преку партнерството со „VM“ кој ги снабдува со дизел мотори и „ZF“ кој е задолжен за трансмисијата.

hawtai-lusheng-s70-china-1

Двата нови модели со кои сакаат да се претстават во Европа се „E70“ и малку поголемиот „B11“. „E70“ е седан од средната класа со должина од 4.777 mm и е придвижен со 2.0 литарски бензински агрегат кој е поврзан со мануелен менувач со пет степени.

„B11“ чекори во високата средна класа со должина од 4.943 mm, а користи 1.8 бензински турбо мотор со снага од 160ks.

За Европа споменатите модели ќе бидат опремени со модерни „Euro5“ дизел агрегати. Секако не треба особено да се наведува дека „стајлингот“ на споменатите два автомобили малку наликува на микс од неколку европски модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП