11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку чини употребата на пороци во светот?

График на денот: Колку чини употребата на пороци во светот?

poroci 000

Употребата на пороци како алкохол, цигари и дрога може да го чини човек само 41,40 долари во Лаос и неверојатни 1.441,50 долари во Јапонија за една недела, покажува „Bloomberg Vice Index“.

„Bloomberg“ ја споредува цената на кошница на стоки – тутун, алкохол, амфетамини, канабис, кокаин и опијати – во повеќе од 100 земји во однос на САД, каде неделно човек би платил речиси 400 долари, или околу една третина од неделните примања.

poroci 001

Во апсолутна смисла најниските цени можат да бидат забележани во Конго, Хондурас и Лаос. На другиот крај на листата е Јапонија како најскапо место, пред Нов Зеланд и Австралија. Кошницата чини под 100 долари во 18 земји, како сите тие се развиваат или граничат со пазари од Перу до Камбоџа. Многу од овие места се наоѓаат блиску до производителите, пример азискиот регион за производство на опиум, познат како „Златен Триаголник“.

„Се се сведува на трошоците за дистрибуција. Да си поблиску до производителот значи пониски трошоци“, вели Питер Ројтер, професор на Универзитетот во Мериленд.

Во кошницата „Bloomberg“ става: кутија цигари од најпопуларните и луксузни марки; шише алкохол, вклучувајќи пиво, вино и алкохолни пијалаци; 1 грам амфетамини тип стимуланси, вклучувајќи амфетамин, метамфетамин и/или екстази; 1 грам од канабис, вклучувајќи марихуана, хашишово масло и/или масло од канабис; 1 грам кокаин; 1 грам опиоиди, вклучувајќи хероин и/или опиум.

Изданието се базира на истражувањето кое правено врз нивни истражувања, како и на годишниот „World Drug Report“ на ОН и податоците на Светската здравствена организација. Плаќањето е базирано на податоците за бруто домашниот производ за 2016-та година. „Bloomberg“ забележува дека собирањето на податоци во оваа сфера е тешко и истражувањата одземат многу време и додаваа дека индексот не ги зема во предвид проституцијата и коцкањето.

„Bloomberg Vice Index“ ја покажува економиката зад некои од лошите навики. Спроведувањето на законот, на пример, е критичен за утврдување на цените на дрогата.

poroci 003

На Филипините илјадници наркомани и дилери се убиени во обидот на владата да го запре процесот. Во Тајланд има голем број раскази за туристи, фрлени во затвор со смртна казна, бидејќи биле фатени со малку марихуана. Индексот го зема овој ризик во предвид.

„Цените на нелегалните дроги, се разбира, имаат маржа преку која се одразува локалниот стремеж кон спроведување. Истото може да се каже за законските стоки со повисоки даноци, бидејќи цената на улицата може да се доминира од шверцувана стока“, вели Филип Кук, професор во „Sanford School of Public Policy во Duke University“.

Цената на алкохолот и тутунот побрзо се одразува на локалните даноци.

„Корисниците со ниски приходи не може да претпочитаат да пушат „Marlboro“ и да пијат „Heineken“, но ги заменуваат со поевтини брендови. Земјите со ниски приходи имаат пониски цени за повеќето брендови, бидејќи тоа можат да си го дозволат корисниците“, вели Кук.

Споредбата на кошницата со пороци спрема приходите открива неколку изненадувања. На овој критериум земјите со високи приходи, како Луксембург и Швајцарија, нудат најдобра вредност. Во Венецуела, меѓутоа гигантската инфлација значи дека локалните жители треба да платат суми, 17 пати повисоки од неделните плати за шише пиво, кутија цигари и еден грам кокаин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП