На Македонската берза за хартии од вредности и во четвртокот продолжи позитивната серија четврти дена со ред, благодарејќи на дополнителниот раст на индексот МБИ10 и поголемиот број продадени акции на компаниите.
Индексот МБИ10 ја продолжува позитивната серија, и тоа со раст од 0,22 отсто, со што моментално изнесува 2.205,52 индексни поени.
Тргување со обврзниците вчера немаше па поради тоа и индексот ОМБ беше без промена на вредноста.
Вкупниот остварен промет изнесуваше 6,5 милиони денари, и беше реализиран во 62 трансакции.Соодносот на добитници спрема губитници беше 10 наспроти 7 во полза на добитниците, додека четири хартии се тргуваа без промена на вредноста.
Промет над милион денари имаше со акциите Алкалоид (1,7 милиони денари), Стопанска банка Скопје (1,4 милиони денари) и Комерцијална банка (1,02 милиони денари).
На листата на губитници водеше акцијата на Окта со пад од 5,40 отсто, а следеа акциите на ТТК банка која се намали за 2,20 проценти, на РЖ Макстил со 1,97 и на Макошпед чија акција се спушти за 0,70 отсто.
На позитивната страна беа: Арчелор Митал (ЦРМ) со раст од 8,70 отсто, на Топлификација со додадени 7,49 проценти, а пораснаа и акциите на Гранит за 2 и на Тетекс за 1,43 отсто.