2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: ЕУ мора да остане единствена во преговорите за Brexit

Меркел: ЕУ мора да остане единствена во преговорите за Brexit

merkel-kel

Европската унија (ЕУ) мора да остане единствена во преговорите со Велика Британија во врска со нејзиното напуштање на 28-члениот блок, порачала германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат светските агенции.

„Апсолутно сме сложни дека не можеме да останеме поделена“, изјавила Меркел по разговорите со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел. Таа додала дека членките на ЕУ мораат заеднички да делуваат во преговорите, но и дека мора да се почека за да се види како Британија сака да го организира своето излегување од Унијата.

Британците гласаа за напуштање на ЕУ на референдумот кој беше спроведен минатата година во јули, но остатокот од земјите од Унијата одбија да одржат било какви преговори за нивните идни односи со Британија додека таа и официјално не ја започне процедурата за излегувањето.

Членките на ЕУ ја предупредија Британија дека не може да очекува да ги задржи сите предности од учеството во единствениот европски пазар, додека истовремено ја блокира слободата на движењето на европските граѓани, нешто што самата ЕУ е препознатлива.

Во средата, пак, премиерот на Малта, Џозеф Мускат, чија го земја од почетокот на годината го презема ротирачкото шестмесечно претседавање со ЕУ, ги отфрли сугестиите дека Британија би можела да игра на картата на поделби внатре во блокот за да искористи одредени отстапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП