3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот во пад, азиските берзи пред неделната добивка

Доларот во пад, азиските берзи пред неделната добивка

aziski-berzi

На азиските берзи денеска цените на акциите забележаа благ пад, но на неделно ниво се во плус, додека вредноста на доларот е во пад.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7:00 часот беше во плус од 0,7 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и Хонг Конг забележаа раст помеѓу 0,1 и 0,4 отсто.

Берзанските индекси во Јужна Кореа, Шангај и Австралија склизнаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто, додека MSCI индексот на акции азиско-пацифичките, без јапонските, во 7:00 часот беше во загуба од 0,2 отсто. Но, од почетокот на неделата е во плус од 1,8 отсто.

Азиските инвеститори утрово се внимателни, бидејќи вчера цените на акциите на Волстрит забележаа благ пад но и поради новите економски показатели од Кина кои не се импресивни.

Извоз на втората по големина светска економија во декември забележа пад од 6,1 отсто на годишно ниво, што е послаб податок од очекуваното, додека увозот беше малку подобар од очекуваното.

Според аналитичарите, Кина би можела да биде најголемиот губитник против трендот на глобализација, ако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го одржи своето ветување од својата кампања за протекционистичките мерки.

Трамп всушност најави дека Кина ќе ја нарече валутен манипулатор и дека ќе воведе царина за увезените производи од Кина, што би можело да го ограничи извозот од таа земја.

Цените на нафтата продолжија да растат и ова утро, што се должи на слабеењето на доларот и веста дека Саудиска Арабија ќе го намали производството на најниско ниво во последните две години, како и тоа дека и планира дополнително намалување.

Утрово цената за барел на берзата во Лондон се зголеми за 0,1 отсто, на 56,07 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,2 отсто, на 53,10 долари.

На девизните пазари доларот е пред неделна загуба. Неговиот индексот кој ја покажува вредноста на американската во однос на шестте други најважни светски валути, ова утро се движат околу 101,50 поени, што е за 0,7 отсто помалку во однос на почетокот на оваа недела.

Неодамна вредноста на доларот се искачи на највисоко ниво во 14 години, бидејќи се очекуваше дека најавените политики на Трамп ќе потикнат економски раст и инфлацијата во САД, поради што американската централна банка го забрза темпото на зголемување каматните стапки.
Трамп сеуште не ги претстави деталите во врска со најавените мерки, како што се намалувањето на данокот, зголемувањето на инвестициите во инфраструктура, доларот во последните неколку дена го изгуби интензитет, неговиот индекс сега е околу најниско ниво во последните пет недели.

Ова утро, девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута е околу 115,05 јени, додека вчера во овој момент изнесуваше 114,70 јени. Од почетокот на оваа недела доларот ја загуби вредноста во однос на јенот за 1,5 отсто.

Во однос на европската валута доларот ова утре забележа благо слабеење. Цената на еврото беше околу 1,0615 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0595 долари. Од почетокот на оваа недела доларот во однос на еврото ослабе за 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП