8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија од март најверојатно ќе започне да ги враќа бегалците во Грција

Германија од март најверојатно ќе започне да ги враќа бегалците во Грција

site_197_WorldNews_467612

Берлин најверојатно ќе го врати правилото според кое бегалците се обврзани да останат во првата европска земја во која влегле, а исто така и ќе започне бегалците да ги враќа назад во Грција доколку таа земја била нивната прва локација, изјави портпаролот на германското министерство за внатрешни работи Тобиас Плејт во интервју за AFP.

„Во согласност со препораките на Европската комисија, Германија смета дека таквите трансфери ќе бидат можни од 15-ти март”, рече портпаролот.
Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер веќе побара од федералната Канцеларија за миграција да го запре испраќањето бегалци назад во Грција само до 15 март, пренесоа германските медиуми, повикувајќи се на интерен документ на министерот.

Според одлуката на ЕУ позната како „Даблински Правилник II“, барателите на азил мора да поднесат барање за азил во земја на ЕУ во која влегле прв пат. Бегалците кои патуваат понатаму кон Европа мора да се вратат во ЕУ земјата во која пристигнале. Во текот на изминатите години, а особено во текот бегалската криза во 2015 година, овие први земји најчесто беа Грција и Италија.
Ова правило, сепак, беше укинато поради Грција која се соочи со многу мигранти кои бегаа од војните во Средниот Исток и Африка преку нејзина територија.

„На 8 декември 2016 година, ЕУ препорача земјите-членки да ја обвноват праксата на испраќање азиланти назад во Грција, почнувајќи од март. Ваквата препорака беше објаснета со подобрување на условите таму во споредба со минатото“, рече портпаролот на министерството на внатрешни работи на Германија.

Во меѓувреме, германска организација за заштита на првата на бегалците предупреди дека одлуката може да изврши дополнителен притисок врз Грција, „која сеуште не е закрепната од големата должничка и економска криза“.
Бегалците во Грција во моментов се обидуваат да ги издржат неочекуваните временски услови, обилни врнежи од снег, мраз и температури под нулата.
Во 2015 година, Германија ги отвори своите врати за сириските бегалци, заобиколувувајќи го „Даблинскиот Правилник“. Овој потег ѝ донесе околу 890.000 баратели на азил само во таа година, пишува AFP.

Следната година цифрите се намалија на 280.000 пристигнувања, по затворањето на таканаречената Балканска рута и потпишувањето на договорот ЕУ-Турција чија цел беше да се лимитира приливот на бегалци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП