25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународните резерви на Русија се намалени до 377,7 милијарди долари

Меѓународните резерви на Русија се намалени до 377,7 милијарди долари

moskvat3

Волуменот на меѓународните (златно-монетарни) резерви на Русија во периодот од 30-ти декември до 6-ти јануари 2017-та година е намален за 1,4 милијарди долари до 377,7 милијарди долари, соопшти Руската централна банка, цитирана од агенциите.

Меѓународните резерви на Русија се високоликвидни странски средства, со кои централната банка и Владата располагаат до одреден датум. Тие се состојат од девизи, специјални права на влечење – валута на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), резервна позиција во ММФ и монетарно злато.

Во меѓувреме, рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека буџетскиот дефицит на Русија во 2016-та година бил 3,56% од бруто домашниот производ (БДП) во однос на 2,6 отсто во 2015-та година во позадина на поевтинувањето на нафтата.

Ова ниво е малку под предвидувањата на владата (3,7 проценти), но е над целниот дефицит од 3 проценти, определен од претседателот Владимир Путин, кој го издигна како приоритет за одржувањето на финансиската стабилност.

„Има ризик оваа година буџетскиот дефицит да надмине 3,7% од бруто домашниот производ (БДП)“, предупреди во октомвеи рускиот претседател Владимир Путин на средбата со претставници на Владата во областа на економијата. Тој рече дека не би било катастрофа ако дефицитот е меѓу 3,8% и 3,9% од БДП-то, но истакна дека Русија треба да се стреми да го одржува на ниво од 3,7% од БДП-то.

За да го финансира намалувањето на приходите од нафта и гас, кои изнесуваа околу половина од приходите во државната каса, кога нафтата беше поскапа, владата одби минатата година да ги индексира пензиите и платите на државните службеници со инфлацијата, што ја намали куповната моќ.

Владата пристапи и кон големи приватизации кои влијаат на нафтените компании „Роснефт“ и „Башнефт“, како и производителот на дијаманти „Алроса“. Покрај тоа го намали бројот на вработени во некои административни единици.

За 2017-та година се предвидува буџетски дефицит од 3,2 отсто, а целта е во 2019-та година показателот да достигне 1% со цената на кратења на буџетот за сите министерства, вклучувајќи ја и одбраната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП