
Светските цени на храната во месец декември беа стабилни во однос на ноември.


Светските цени на храната во месец декември беа стабилни во однос на ноември.
Силниот скок на цената на растителното масло и млечните производи на големо го неутрализираше падот на цента на шеќерите и месото, соопшти денес Агенцијата при Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Ценовниот индекс кој го пресметува ФАО и кој ги мери месечните промени на цените од кошницата со основни производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер) во декември изнесуваше 171,8 поени, во однос на 171,9 поени од ноември, пренесува агенцијата Ројтерс.
Во цела 2016 година, индексот паднал за 1,5 проценти во однос на 2015 година, тоа е петти последователен пад, соопшти ФАО.