4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку светот инвестира во ЕУ, а колку ЕУ во светот?

Колку светот инвестира во ЕУ, а колку ЕУ во светот?

evra svet33

Во 2015-та година Европската унија (ЕУ) продолжува да инвестира повеќе во трети земји, отколку тие во Унијата, покажуваат податоците на „Евростат“.

Директните странски инвестиции од земји од ЕУ во остатокот од светот изнесуваат 6,894 илјади милијарди евра на крајот на 2015-та година. Тоа е раст од 14,9% во споредба со крајот на 2014-та година.

Истовремено инвестициите на трети земји во Унијата се зголемија уште посилно со 22,8%, до 5,842 илјади милијарди евра.

Сепак ЕУ одржува нето инвестициска позиција од малку над 1 илјада милијарди евра во споредба со остатокот од светот.

Друштвата со специјална намена, регистрирани во земји од ЕУ, играа клучна улога, формирајќи над 52,5% од вкупните странски директни инвестиции на ЕУ во трети земји и 62,7% од инвестициите на третите земји во ЕУ.

Значителен дел од инвестициите на Европската унија се реализирани во САД – на крајот на 2015-та година кон САД се насочени 37,2% од инвестициите на ЕУ во остатокот од светот (2,561 илјади милијарди евра). Тоа е значително повеќе од вложувањата во Швајцарија (829 милијарди евра), Бермуда (353 милијарди евра), Бразил (327 милијарди евра), Кина (288 милијарди евра) и Канада (249 милијарди евра).

Во обратна насока американските инвеститори вложиле во земји од Европската унија 2,436 илјади милијарди евра (или 41,7% од сите инвестиции од трети земји во ЕУ до крајот на 2015-та година). Тие се следени од Швајцарија (627 милијарди евра), префрлани од финансиските центри Бермуда (503 милијарди евра) и Џерси (227 милијарди евра), како и Канада (228 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП