18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПропадна кинескиот проект за автобусот на иднината

Пропадна кинескиот проект за автобусот на иднината

teb bus33

Минатото лето Кина го најави концептот на „подигнат“ автобус, што требаше да биде решение за огромните сообраќајни гужви во големите градови. Само неколку месеци подоцна соопштено е дека овој проект е напуштен.

Автобусот наречен “TEB-1” е плод на идејата според која неговата конструкција дозволува креирање на „тунел“ под подот на автобусот, под кој би можеле да се движат автомобили во две ленти.

Замислата била одлична сѐ додека делуваше прекрасно на проектите и макетите. Но, кога беше изработен прототипот, многу брзо се заклучи дека еден од проблемите претставуваат неговите димензии – необично „расчекореното“ возило е долго 22 метра, а широко 7,8 метри и високо дури 4,8 метри.

Висината и ширината ги загрозија постоечките пешачки патеки во градот Џингхандау, во провинцијата Хебеј, каде што возилото било тестирано, а потоа конструкторите и инвеститорите заклучија дека тоа би можело да биде уште поголем проблем во големите градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП