Австрискиот канцелар Кристијан Керн ќе побара од Европската унија да овозможи работодавачите во земјата приоритетно да ги назначуваат локалните граѓани, објави европското издание „Politico“. Весникот цитира информации на „ВВС“, според која мерката е забележана во 10-годишниот план на Керн за економскиот развој на Австрија.
Во документот се наведува дека „источноевропските држави ја извезуваат својата невработеност во Австрија“.
Социјалдемократската партија на Керн се обидува да ја надмине десничарската Партија на слободата, која ужива поддршка, предизвикана од стравовите на Австријците од имигрантите и невработеноста, пишува уште „Politico“.
Во плановите на Керн е невработеноста да биде практично елиминирана до 2020-та година со формирањето на 200.000 работни места, дополнуваат локалните медиуми.
Последните податоци на „Евростат“ за ноември 2016-та година покажаа дека Австрија е земја со едно од најниските нивоа на невработеноста во ЕУ – 5,8%. Просечното за заедницата е 8,3%. Најмал е бројот на невработени во Чешка – 3,7% од работоспособното население. На спротивната страна е Грција со малку над 23%.
Од другите земји од Источна Европа, од кои Австрија има проблеми, повисока невработеност спрема австриската има во Бугарија (7,1%), Словенија (7,6%), Словачка (9%) и Хрватска (11,4%).