19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во еврозоната сериозно се подобри во ноември

Индустриското производство во еврозоната сериозно се подобри во ноември

indu eu3

Индустриското производство во еврозоната се зголеми за 1,5% на месечна основа во ноември, објави европската статистичка служба „Евростат“.

Во целата Европска унија резултатот е малку подобар со раст од 1,6%. Во претходниот месец октомври во монетарната унија беше регистрирано слабо зголемување од 0,1%, но во рамките на Европската унија производство забележа слаб пад од 0,1%.

На годишна основа во ноември и во двата региони се забележува сериозен раст во индустриското производство. Во еврозоната тој е од 3,2%, а во ЕУ од 3,1%.

Според „Евростат“ доброто претставување се должи најмногу на зголемувањето на производството на расиплива стока за широка потрошувачка (2,9% во еврозоната и 2,8% во ЕУ).

Во исто време, сепак, производството на трајните производи за широка потрошувачка во еврозоната благо се забавува со – 0,1%, додека во ЕУ е предвиден минимален раст од 0,1%.

Најголемо е зголемувањето во Ирска (16,3%), Данска (4,6%) и Хрватска (3,7%), а најсериозно намалување се забележува во Грција и во Португалија (и двете со -0,9 %)

Зголемувањата на годишна основа се должат на растот во производството на енергија во еврозоната (5,9%) и на расипливата широка потрошувачка (3,7%). Ова важи и за ЕУ, а растот таму е соодветно 4,4% за производство на енергија и 3,6% за расипливата стока.

На годишна база најдобро се претставува повторно Ирска (14,6%), како и Латвија (11,0%) и Данска (10,7%), а падови се забележани кај Малта и Шведска (и двете со -0, 8%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП